Волонтерски Центар Скопје бара 3 Македонци коишто сакаат да учествуваат заедно со млади луѓе од Германија, Турција, Романија, Португалија и Холандија на Тренинг Курсот „SAILVAN“ во Анталија, Турција.
Место:
Анталија, Турција
Датум:
22.09. – 30.09
За проектот:
Проектот е фокусиран на деветдневен тренинг курс (вклучувајќи ги и деновите на патување) на кризата со избеглиците, којашто главно е забележана во земјите од Европската Унија во последните неколку години. Овој тренинг курс ќе даде можност на 27 луѓе од 8 различни Европски Земји да бидат едуцирани, ги споделат нивните знаења и ја обработуваат темата на избегличката криза којашто е екстремно значајна во денешницата.
Учесниците…
- Треба да имаат над 18 години
- Мора да се од Македонија
- Треба добро зборуваат Англиски јазик
Проектот е финансиран од ERASMUS+, такашто сите патни трошоци ќе бидат надокнадени според ERASMUS+ регулациите (275 евра за Македонија). Сместување и храна ќе бидат обезбедени.
За повеќе детали проверете го Инфо пакетот!
Аплицирај сега: Прати мотивациско писмо одговарајќи ги следниве прашања:
Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како сакаш да допринесеш кон овој проект?
… и CV (на англиски) до: vcs_contact@yahoo.com