Повик за учесници за тренинг-курс во Чешка Република!

Повик за учесници за тренинг-курс во Чешка Република!

Волонтерски Центар Скопје бара тројца учесници од Македонија кои би сакале да учествуваат на тренинг-курсот „Changemaker 3.0” во Чешка Република заедно со претставници од Унгарија, Латвија, Чешка, Естонија, Франција, Шпанија, Велика Британија и Германија.

Место: Адамов у Брна, Чешка Република

Датум: 28.09. – 08.10.2020

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

За проектот:
„Changemaker“ е деветдневен тренинг-курс за учесници што веќе имаат искуство со водење групи или волонтери кои сакаат да ги подобрат своите перформанси засновани врз принципите на самостојност, снаодливост и одговорност.
Главната методологија што се користи ќе биде личен развој или саморефлексија, што значи дека фокусот ќе биде главно на вашиот начин на размислување/ставови, наместо да ви обезбедува практични вештини или модели.
Во првите денови, учесниците ќе имаат можност да го разгледаат односот помеѓу верувања, концепти, автоматско однесување, тимска работа и донесување одлуки. Тоа ќе им биде овозможено преку воведување, активности и простори за рефлексија. Потоа, тие ќе имаат задача во своите локални заедници да ги практикуваат знаењата, вештините и ставовите стекнати во текот на тренинг-курсот.

Учесниците…
– треба да бидат на возраст од 18 години
– зборуваат добро англиски јазик
– имаат искуство во водење на работни кампови или друг вид на проекти кои вклучуваат групи
– учествувале барем во еден работен камп
– ќе водат волонтерски проект или работен камп во 2020 година, па дури и да станат водачи во рок од пет месеци по тренинг-курсот
– сакаат да се развиваат и да ги рефлектираат стекнатите знаења
– треба да се во можност целосно да учествуваат во програмата од почеток до крај

Проектот е финансиран од Erasmus+, така што сите патни трошоци ќе бидат вратени според регулациите на Erasmus+ (275 евра за Македонија). Ќе бидат обезбедени храна и сместување. Задолжителна е уплата од 60 евра што треба да се изврши во готово за време на тренинг-курсот.

За повеќе детали проверете го Инфо-пакетот!

Аплицирајте сега! Испратете биографија и мотивациско писмо (на англиски) со одговори на следните прашања: Кој сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?
…до: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 09.08.2020