Повик за учесници за тренинг курс во Кипар!

Повик за учесници за тренинг курс во Кипар!

Волонтерски Центар Скопје бара 3 Македонци/ки кои би сакале да учествуваат заедно со луѓе од Кипар, Хрватска, Шпанија, Португалија, Италија, Полска, Романија, Бугарија, Грција и Летонија на тренинг курсот “Developing digital competences for young entrepreneurs –  DDC4YE” во Кипар

 

Место:

Ларнака, Кипар

 

Датум:

22.04 – 29.04.2020

 

За проектот:

Примарната цел на проектот DDC4YE е образование на млади нови претприемачи, способни да пристапат кон претприемачките активности преку дигиталното опкружување. Уште повеќе, проектот е изграден врз идејата за дигитално претприемништво, како нов иновативен модел на претприемништво што вклучува употреба на ICT за подобрување на деловното работење, измислување нови деловни модели и подобрување на деловната интелигенција.

Специфични цели на проектот се:

– Да се зајакнат дигиталните компетенции на младинските работници за поддршка на нивната мотивација и капацитет за спроведување на паметна младинска работа, како и за подобрување на нивните можности за вработување

– Да се зајакнат меките вештини и на младинските работници и ICT вештините со нивно вклучување во дигитални активности преку употреба на дигитални содржини и дигитални алатки.

– Да се промовираат младинските политики на ЕУ, конкретно Рамката за компетентност за претприемништво и Рамката за дигитална компетентност

– Да се зголеми капацитетот за активирање промени во однос на модернизацијата на работата на младите преку зајакнување на меѓународната соработка на конзорциумот

 

Учесниците…

– мора да бидат постари од 18 години

– зборуваат добро англиски јазик

– треба да имаат силен интерес за темата дигитализација и нови медиуми

 

Проектот е финансирана од ЕРАЗМУС +. Сместувањето и храната ќе бидат обезбедени.

Има уплата за учество од 40 евра, што треба да се плати во готово за време на тренинг курсот.

 

+++ За повеќе детали проверете го Инфо-пакетот! +++

Аплицирај сега! Испратете биографија и мотивациско писмо (на англиски) со одговори на следното: Кои сте вие? Колку години имате? Зошто сакате да учествувате на овој проект? Како може да придонесете на овој проект?

…до: vcs_contact@yahoo.com

!!! Краен рок за аплицирање: 22.01.2020 !!!