You are currently viewing Повик за младинска размена во Македонија!

Повик за младинска размена во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (18-26 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Volunteer For Mother Earth“ во Македонија.

Место: Струга, Македонија

Датум: 1.09 – 9.09.2023

За проектот:
Целта на проектот е да го потенцира позитивното влијание што волонтерството може да го има врз личниот и професионалниот развој, како и врз животната средина и општеството во целина. Ќе истражиме различни можности за волонтирање, со посебен фокус на Европскиот солидарен корпус (ЕСК), кој им нуди на младите можност да волонтираат или да се вклучат во проекти во нивната земја или во странство.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ

Партнери на проектот: DASEIN e.V (Германија), Association “Moga Znam Tvoria” (Бугарија), Media Terra Nea (Грција), Youth Eco Club “Çınar” (Турција), Udruzenje Gradajana Razvoj Sela (Србија)

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 16.08.2023