Волонтерски Центар Скопје бара 6 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „EU To Green or Not To Green“ во Германија.
Место: Гарлштед, Остерхолс-Шармбек, Германија + Брисел, Белгија
Датум: 5.05 – 15.05.2023
За проектот:
Целта на проектот е да се зголеми еколошката свест за младите Европејци; зајакнување на младинскиот активизам во однос на еколошките прашања; подигање на политичката свест на младите и иницирање поголем дијалог и соработка со политичарите меѓу важните општествени прашања, вклучително и заштитата на животната средина; ширење на европските вредности меѓу младите како главни вредности кон светлата иднина на цела Европа.
За време на младинската размена ќе има студиска посета во Брисел каде што се планира посета на Европската комисија и Европскиот парламент.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: NaturKultur e.V.
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 19.03.2023
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.