You are currently viewing Повик за волонтери во Италија!

Повик за волонтери во Италија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “Stay Active Volunteer vol. 4” во Италија.

Место: Италија, Кампанија и Апулија
Датум: Почеток: Јуни 2025 година (6 или 12 месеци)

Повеќе за проектот:

Associazione InCo-Molfetta APS има различни волонтерски места за периодот 2025-26 година во рамките на проектот „Stay Active Volunteer vol. 4“ во регионите Јужна Италија, Кампанија и Апулија. Организациите домаќини се со седиште во градовите Трамонти, Молфета и Сан Вито деи Нормани.

 

1. Здружение „Appoggiati a me“: работни активности со аутистична младина, слободно време и активности за учење

    12 месеци
    Инфопак

 

2. Comune di Molfetta: работа со животна средина, проект на ЕУ и млади

    12 месеци
    Инфопак

 

3. X-Farm: работа во социјална фарма

   6 месеци
   Инфопак

 

Организација-домаќин: Associazione InCo-Molfetta

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.