Волонтерски Центар Скопје бара 7 учесници (18-30 години) и 1 лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во Младинската размена „Bon Appétit“ во Франција.
Место: Кадуен, Франција.
Датум: 1.09 – 22.09.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
За проектот: Проектот има за цел да ја промовира културната разновидност, да го поттикне разбирањето на другиот и практиката на меѓукултурен дијалог преку откривање на навиките и традициите на храна во четири европски земји. Секоја национална група ќе има седум млади учесници на возраст меѓу 18-30 години и еден младински лидер (+18 год.)
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: Solidarités Jeunesses
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 275 евра ) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “ Bon Appétit“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 12.08.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.