You are currently viewing VOICES August 2021

VOICES August 2021

„Нашето човечка сочувство не поврзува едни со други.“

Како што се случуваат поплави и пожари во европските земји, ние повторно се соочуваме со големи предизвици како општество. Исто така, да не заборавиме дека се уште поминуваме низ пандемија. Се е потешко за нас, но работите се уште потешки за слепите и за лицата со оштетен вид. Она што дава надеж за време на криза е сочувството и подготвеноста на луѓето да помогнат. Сочувството е неопходно за менталното здравје.

Од посветлата страна, годинешното лето е полно со возбудливи настани, од локални фестивали како фестивалот на европски филм „Синедејс“ до настани што целиот свет ги следи. Олимпијадата во Токио донесе радост за Македонија: За првпат во историјата, Дејан Георгиевски донесе сребрен медал во таеквондо!

А што е со просторот? Дали небото се уште е граница? Проектите на Илон Маск се при крај. Во ова издание, можете да прочитате за Starlink – сателитска интернет услуга што може да испрати интернет до кое било место на Земјата. Дали сакате да слушнете повозбудливи вести? Вселенското летало Старшип се подготвува да биде лансирано во орбита. Дали може да се воспостави постојано човечко присуство на Марс? Ќе дознаеме наскоро!

Имајќи го сето тоа на ум, не заборавајте да бидете свесни за летните горештини! Заштитете се од пладневното сонце, секогаш носете вода со себе и внимавајте! И секако: Уживајте во најновото издание на „Воисес“!

Клариса Лојте

ВОИСЕС Август 2021 PDF