You are currently viewing Повик за младинска размена во Србија!

Повик за младинска размена во Србија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 млади учесници (18 – 30 години) и 1 младински лидер (18+) од Македонија кои сакаат да учествуваат на младинска размена “Turn on the brain and go circular“.

МестоЈазак, Србија
Датум: 31.7 – 8.8.2021

!! Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !!

Повеќе за проектот:

Младинската размена има за цел да го сврти вниманието на младите кон растечкиот проблем на загадување на животната средина од отпадот што го создаваме заедно, и со тоа да влијае на деградација на квалитетот на земјиштето, воздухот, водата и здравјето на луѓето – директно и индиректно, како и да претставува алтернатива во економијата. Размената ќе се фокусира на превенција од продуцирање отпад како лесен чекор кон одржлив и здрав живот, како и промовирање на европските вредности. Размената на млади ќе ја зголеми свеста на учесниците за другите култури, нации и навики. Секоја национална група ќе вклучува учесници со помалку можности, некои од нив можеби за првпат ќе заминат надвор од сопствената земја. По настанот, младите учесници ќе го споделат своето искуство со своите врсници.

Повеќе информации: INFOPACK

Партнер на проектот: Environment Engineering Group (Serbia)

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразсмус+. Сместувањето и храната се обезбедени. Превозот ќе биде организиран од ВЦС.

Како да се пријавите:

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Turn on the brain and go circular“)
  3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
  4. Приложете го вашето CV на англиски
  5. Приложете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • На кој начин ќе допринесете за проектот?

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 18/07/2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.