You are currently viewing Повик за волонтери во Шпанија!

Повик за волонтери во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов: “ESC with Associació Alba” во Шпанија.

Место: Тарега, Шпанија
Датум: 01.06.2024 – 31.03.2025 (10 месеци)

Повеќе за проектот:

Целта на здружението е да обезбеди образовна и социјална грижа на лицата со попреченост со цел тие да станат поавтономни и да го олеснат нивното вклучување во локалната заедница. Како волонтер, ќе бидете одговорни да ги поддржувате квалификуваните професионалци на организацијата во различните услуги и активности.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ 

Организација-домаќин: Associació Alba

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 30.04.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.