You are currently viewing Повик за волонтер во Литванија!

Повик за волонтер во Литванија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) од Македонија за учество во долгорочниот ЕСК–проект во Литванија.

Место: Вилнус и Тракај, Литванија
Период: 15.12.2021 – 15.12.2022

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји ги имаат за влез на македонски државјани. !!

За проектот:
Проектот нуди волонтерски можности за неколку организации-домаќини (hosting) – различни организации имаат различни одговорности и активности. Преку неформалната едукација и работилници, волонтерите ќе имаат можност да организираат дневни активности и настани. На тој начин ќе стекнат нови вештини, ќе станат тимски играч и повеќе толерантни и одговорни граѓани.

Повеќе информации: Infopack

Проектен партнер: ESTA Saltes

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по литвански јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за волонтерски проект во Литванија)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 30.11.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.