You are currently viewing Повик за волонтер во Португалија!

Повик за волонтер во Португалија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „From Everywhere to Everyone“ во Португалија.

Место: Вила де Кукужеш, Португалија
Период: март – септември 2024

За проектот:

Организацијата-домаќин е дел од португалскиот Црвен крст и Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Мисии:
– Банка за храна: подигање и транспортирање на донации од храна, нивна дистрибуција на семејства и поединци на кои им е потребна.
– Социјална продавница: сорторање, организирање донации на облека, обувки и играчки.
– Дом за стари лица: поддршка со рекреативни активности или во кујна, перална и градина.
– Активности со зависници во закрепнување: спортски активности на отворено/ физички вежби на отворено со зависници во закрепнување.
– Поддршка во: Прибирање средства; Кампањи за подигнување свест; Прва помош (ако сте обучени); итн.

Повеќе информации: Инфопакетот

Проектен партнер: Cruz Vermelha Cucujães 

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 360 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по португалски јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 18.11.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.