You are currently viewing Повик за волонтер во Германија!

Повик за волонтер во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект „Volunteering with NaturKultur“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период:
06.09.2024 – 05.09.2025 (12 месеци)

За проектот:
Нашиот партнер од NaturKultur бараат волонтер за врска со локалната заедница! Вашата улога вклучува активно барање и воспоставување нови врски со различни организации во Бремен, како училишта, домови за млади, иницијативи и културни организации.

Повеќе информации: Инфопакот

Проектен партнер: NaturKultur e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Аплицирајте преку формуларот подоле на страницата: Oвде

Краен рок за аплицирање: 10.03.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.