You are currently viewing Повик за младинска размена во Германија!

Повик за младинска размена во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Make music, not war 3“ во Германија.

Место: Гарлштет (блиску Бремен), Германија
Датум: 21.05 – 31.05.2024

За проектот:
„Make Music Not War 3“ е наменет да послужи како алатка за помирување и градење мир помеѓу младите од земјите во конфликт. Преку културна размена, учесниците ќе ги истражуваат нивната музика, обичаите и традициите, како начин за градење  пријателства. Проектот има за цел да инспирира пост-проектни активности, со вклучување повеќе млади луѓе во напорите за градење мир.

Вие сте совршен кандидат за проектот ако:
* имате 18-30 години
* страствени и способни да пеете/свирите инструмент (не мора да е одличен, професионален музичар)
* да можете да поминете 10 дена со луѓе со различни карактери, културно потекло и гледишта

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: NaturKultur

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
2. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: as soon as possible

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.