You are currently viewing Call for a training course in Turkey !

Call for a training course in Turkey !

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (18+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “Employed“.

Место: Анталија, Турција

Датум: 01-09 Јуни 2021 година

Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !

За тренингот: Проектот цели кон поддршка на професионалниот развој на младите работници кои сакаат да ги развијат своите индивидуални и професионални компетенции во меѓународна средина, да ги подобрат своите вештини во клучни области како комуникација, тимска работа, решавање на проблеми, презентација, фасилитација и справување со конфликтни ситуации.

Повеќе информации: Infopack!

Проектни партнери: Youth Dreams

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени!
Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Employed“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски
5. Закачете го вашето Мотивациско писмо со одговор на следните прашања:

• Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

КРАЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ: 13 Јуни 2021 година

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.