Повик за младинска размена во Босна и Херцеговина!

Повик за младинска размена во Босна и Херцеговина!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 млади луѓе и 1 лидер на групата (16-30 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена ”Rural Youth Business for Social Change“, што е дел од проектот “Youth, Business, Better”. Посебно се охрабруваат младите луѓе од руралните средини да се пријават на повикот!

Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 21.6 – 28.6.2021

!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19

Повеќе за проектот:

„Млади, Бизнис, Подобро“ е проект кој овозможува сеопфатен пристап при справувањето со проблемот на невработеноста на младите во рурални средини преку споделување и развивање знаења, најдобри практики и алатки на неформалното образование преку примена на разбирање и технички вештини на локално ангажирани млади чинители во поддршка на зајакнувањето и можностите за вработување на младите луѓе во руралните средини преку пренесување на вештини и кометенции од областа на претприемништвото.

Младинската размена “Rural Youth Business for Social Change” има за цел да ја стави на испит содржината, методологиите на неформалното образование и вештини изградени на претходните проектни активности, во реални услови на тренинг, со младите од рурални средини како крајна целна група. Образовната програма на Младинската размена ќе биде спроведена од тим на фасилитатори, по еден од секоја партнерска организација.

Крајниот едукативен производ од Младинската размена ќе биде посебно посветен дел од Прирачникот за рурално претприемништво, на чие претставување учесниците ќе работат директно со постојана поддршка од Тимот на фасилитатори.

За повеќе информации: Youth Exchange in Sarajevo

Партнери на проектот:  Bosnian Representative Association for Valuable Opportunities (BRAVO), Centre for Sustainable Development (Србија)

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
  2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Rural Youth Business for Social Change”)
  3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
  4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
  5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања
    • Кој сте вие?
    • На која возраст сте?
    • Зошто сакате да учествувате?
    • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 10.6.21

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.