You are currently viewing Повик за обука во Шпанија!

Повик за обука во Шпанија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 младински работници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Play & Go Green” во Шпанија.

Место: Молина, Шпанија
Датум: 22.04 – 28.04.2026

За проектот:
Целта на обуката: „Play & Go Green” е да ги опреми младинските работници со иновативни методологии во еко и социјалното претприемништво преку гејмификација и учење базирано на игри. Обуката ќе го зајакне нивниот капацитет за поддршка на младите луѓе во развивањето на претприемачки компетенции усогласени со одржливоста, социјалното влијание и рамката „EntreComp“.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: Asociación Europa 2020

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (395 €) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 15.03.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.