You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Ministry for the future” во Романија.

Место: Сарата Монтеору – Бузау, Романија
Датум: 20.05 – 29.05.2024

За проектот:
Обуката „Министерство на иднината“ е наменета да ги обучи младите работници со иновативни пристапи за промовирање на циркуларна економија. Целта е да се користи овој пристап како алатка за унапредување на одржливоста, продлабочување на разбирањето на одржливата потрошувачка и промовирање на инклузивна зелена економија.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнер на проектот: FPT BUZAU

Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Се плаќа 20 € за учество.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: што е можно поскоро

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.