You are currently viewing Повик за младинска размена во Словенија!

Повик за младинска размена во Словенија!

Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (16-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Let’s Get Mental“ во Словенија. Лидерот на групата ќе учествува и на подготвителниот состанок кој ќе се случи од 3.06. – 6.06.2024 година.

Место: Горење при Зречах, Словенија
Датум: 30.06 – 8.07.2024

За проектот:
Размената ќе биде фокусирана на зајакнување на младите луѓе да препознаат ментална вознемиреност и да ја решат со позитивни пристапи, нагласувајќи ја терапевтската улога на уметничкото изразување.

За повеќе информации: Инфопакот

Партнери на проектот: Mladinski center Dravinjske doline (MCDD)

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 15.05.2024

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.