You are currently viewing Добредојде Јоуен, нашиот нов волонтер од Франција!

Добредојде Јоуен, нашиот нов волонтер од Франција!

Demat (здраво)! Јас сум Јoуен, нов волонтер од Бретања, регион во западниот дел на Франција со силна и жива култура. Таму пораснав со голем интерес за јазиците, културата и малцинствата, затоа дојдов овде веднаш по моите студии за да го откријам светот, да бидам дел од тимот на ВЦС во текот на следните 9 месеци.

Јас сум тука да му помогнам на ВЦС преку различни задачи, главно во редакцијата на списанието „Воисес”. Навистина ми се допаѓа пишувањето како начин за подлабоко навлегување во различни теми и среќен сум кога споделувам колку што е можно повеќе.

Претходно бев студент по политички науки. Минатата година ги завршив моите магистерски студии по академско истражување и сакав да променам нешто со тоа што ќе живеам и волонтирам во странство пред да одлучам кој ќе биде следниот чекор.

Навистина сум заинтересиран за историјата, географијата, видео-игрите и културата воопшто, но сум љубопитен и отворен за сè ново што би можел да научам. Скопје е навистина добар почеток за да се откријат многу нови работи!

Јоуен Ле Бри