You are currently viewing Повик за тренинг курс во Полска

Повик за тренинг курс во Полска

Волонтерски Центар Скопје бара 2 младински работници (18+ возраст) кои сакаат да учествуваат на тренинг курсот “Еurope: Bring back the love“ во Полска.

Место: Нове Гјералтов, Полска

Датум: 27.08 – 03.09.2021

! Можни се измени во однос на датумот на одржување на проектот зависно од актуелната COVID-19 ситуација !

За проекгот: Младинските работници ќе се здобијат со алатки и вештини што ќе им помогнат да ја промовираат Европската интеграција и почитта кон различностите на младите луѓе. Целта е да се охрабрат младите луѓе да станат активни чинители и члениво на нивните заедници и општества.

Повеќе информации: INFOPACK 

Проектен партнер: MODE Foundation

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразсмус+, значи сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат покриени согласно со Еразмус+ регулативите. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да се пријавите:

1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во Предмет (пр. Апликација за “Еurope: Bring back the love“)
3. Претставете се накратко и истакнете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски
5. Закачете го вашето Мотивациско писмо на англиски со одговор на следните прашања:

• Кој сте вие?
• На која возраст сте?
• Зошто сакате да учествувате?
• На кој начин ќе допринесете за проектот?

Краен рок за пријавување: 19.08

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.