Повик за тренинг курс во Македонија!

Повик за тренинг курс во Македонија!

Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-35 години) од Македонија за учество во тренинг курсот “Preventing radicalization of young people through youth work” во Македонија.

Место: Струга, Македонија
Датум: 25.11-3.12.2021

!! Можни се евентуални промени на проектните датуми што ќе зависат од моментната ситуација со ,,Ковид-19”, како и ограничувањата што одредени земји имат за влез на македонски државјани.

За проектот:
Проектот се однесува токму на ова прашање: радикализацијата на младите и потребата од повеќе знаење, компетенции и активности за спречување на оваа малициозна појава.

За повеќе информации: INFOPACK

Партнер на проектот: Puntland Community ry (Финска)

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?
1. Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
2. Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Preventing radicalization of young people through youth work”)
3. Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
4. Закачете го вашето CV на англиски јазик
5. Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:

  • Кој сте вие?
  • На која возраст сте?
  • Зошто сакате да учествувате?
  • Како може да придонесете за проектот?

Краен рок за аплицирање: 21.11.2021

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.