You are currently viewing Повик за обука во Германија!

Повик за обука во Германија!

Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Self-Care in Youth Work” во Германија.

Место: Остерхолц Шармбек, Германија
Датум: 02.03 – 10.03.2023

За проектот:

“Self-care in youth work” е проект за грижа за себе, проблеми со менталното здравје, управување со стресот и нивна поврзаност со младите, младинската работа и младинските работници. Овој курс за обука ќе ги опреми младинските работници со вистинските алатки за управување со предизвикувачки ситуации.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NaturKultur Bremen e.V.

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 08.01.2023

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.