You are currently viewing Повик за обука во Романија!

Повик за обука во Романија!

Волонтерски Центар Скопје бара 2 учесници (+20 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Let’s break the breaking news” во Романија.

Место: Сарата-Монтеору и Бузау, Романија, Романија
Датум: 01.02 – 10.02.2023

За проектот:
Целта на проектот е да им обезбеди на младинските работници нови методи и алатки за развој на критичко размислување и спречување на лажни вести.

За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ

Партнер на проектот: FPT BUZAU

Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +.  Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Има неповратен придонес од 20 евра.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Краен рок за аплицирање: 28.12.2022

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.