Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на обука “Kitchen Youth Work” во Германија.
Место: Гарлштет (блиску Бремен), Германија
Датум: 31.08 – 7.09.2024
За проектот:
„Kitchen Youth Work“ има за цел да обезбеди соодветна средина за учење за луѓето што се заинтересирани за неформално образование или младинска работа. Учесниците ќе истражуваат нови, иновативни начини и методи за внесување на младинската работа во кујнската средина.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: NaturKultur
Технички детали: Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 26.05.2024
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.