Волонтерски Центар Скопје бара учесници (+18 години од Македонија), кои што ќе сакаат да учествуваат во обука “Self-Care in Youth Work” во Германија.
Место: Остерхолц Шармбек, Германија
Датум: 02.03 – 10.03.2023
За проектот:
“Self-care in youth work” е проект за грижа за себе, проблеми со менталното здравје, управување со стресот и нивна поврзаност со младите, младинската работа и младинските работници. Овој курс за обука ќе ги опреми младинските работници со вистинските алатки за управување со предизвикувачки ситуации.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NaturKultur Bremen e.V.
Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАСМУС+, така што сите патни трошоци (до 275 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
Краен рок за аплицирање: 08.01.2023
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.