You are currently viewing Годишен извештај 2023

Годишен извештај 2023

Дозволете да пропатуваме низ 2023 година преку ВЦС! Наполнивме 18 години, а повеќе бројки ќе најдете на страниците на нашиот Годишен извештај. Уште една година бевме домаќини на меѓународни волонтери и практиканти кои учествуваа во различни активности во Скопје (и пошироко). Бевме партнери во повеќе локални и меѓународни проекти низ Европа и ги испраќавме нашите овдешни волонтери во странство на младински размени, обуки и различни поекти. Нашиот тим организираше голем број јавни настани за добробит на заедницата, бевме секогаш отворени за секого и се осмелуваме да кажеме дека направивме исчекор во нашата креативност. Во текот на годината, ги споделувавме моментите со домашни и меѓународни пријатели и партнери, бевме активни, креативни и инспирирани.

Погледнете го Годишниот извештај за 2023 година за да видите како изгледаше минатата година. Среќни сме што продолжуваме со нашите соработки и пријателства и оваа година, а отворени сме да создаваме нови!