Волонтерски Центар Скопје бара 5 млади луѓе и младински работници (18+) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат во ”Volunteering connecting communities 2.0“.
Место: Сараево, Босна и Херцеговина
Датум: 24.5 – 31.5.2021
!! Можни се и измени на датумите од проектот зависно од постоечката ситуација со COVID-19
Овoj тренинг има за цел да обучи 20 младински работници како да развиваат кампања во локалните заедници користејќи онлајн и офлајн алатки. Секој партнер ќе испрати 5 претставници и учесници кои ќе ги искористат стекнатите знаења за имплементирање на кампањата во локалната заедница во својата земја.
За повеќе информации: INFO-PACK-Seminar-Sarajevo-24-31-May-2021
Партнери на проектот: Udruzenje “Mladi Volonteri”, Beyond Barriers, Волонтерски Центар Скопје, Asociatia Allons-y, Luventa
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната и престојот ќе бидат обезбедени. Превозот ќе биде организиран од ВЦС.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Volunteering connecting communities 2.0“)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
-
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 19.05.2021
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.