ERASMUS+ in Sarajevo: Volunteering connecting communities

ERASMUS+ in Sarajevo: Volunteering connecting communities

Патување за време на пандемија можеби и не е најдобра идеја, но изолираноста и неактивноста се, секако, полоша опција. Повеќе од една година сите настани се одложуваат и откажуваат, па затоа овој проект претставуваше нов почеток, можност да се прилагодиме на ситуацијата и да се вратиме на активизмот.
По пристигнувањето и сместувањето во ридестото Сараево, го искористивме слободниот ден и можноста да го истражиме центарот на градот и да уживаме во босанско кафе во Башчаршија. Иако наредните денови беа претежно испланирани и исполнети со активности, сепа,к успеавме да посетиме и други места како што се
Илиџа, паркот на Врело Босна, и тоа се пред да стапи полицискиот час, кој таму почнуваше од 21 часот. Што се однесува на активностите, почнавме со игри за запознавање и енерџајзери, преку презентации и потсетување на претходните постигнувања на секоја организација, се до генерирање на нови идеи и планирање на нови проекти.

Целиот настан беше добар начин да се укаже на важноста на соработката помеѓу партнер-земјите во проектот. Сите беа подеднакво вклучени и делеа одговорности во серија од активности, планирани на локално и интернационално ниво, со цел да се подготват и имплементираат во блиска иднина. Уште една цел на проектот беше да се подобри квалитетот на младинската работа преку раѕмена на искуства и градење на партнерски односи помеѓу невладините организации и институции на земјите- учесници.

Шестиот ден, благодарејќи на Youth Volunteers Association, имавме можност да ја посетиме мистериозната мрежа на тунели лоцирани под новооткриените пирамиди блиску до Високо. Колку и да звучи неверојатно, доживувањето е единствено и неописливо – чист воздух, стабилна температура, мегалитски камења, простории за медитација и ред други работи, кои секој треба да ги види.

Бројот на учесници беше соодветен и според последните заклучоци, секој од нас имаше генерално добар впечаток за курсот, вклучувајќи ја услугата во хотелот, обеѕзбедениот материјал за работилниците и доброто друштво. Фактот дека од секоја земја имаше нови претставници како и претставници кои учествувале во претходните делови на тренинг-курсот, укажува на продуктивен исход. Комбинација на искуство со
нови идеи не доведе до продуктивни планови и потенцијални проекти за во иднина. Сите се потсетивме на важноста на ваквите културни размени и бевме мотивирани за понатамошни активости и волонтирање.

После едно вакво искуство, сметам дека учеството и продуктивноста на вакви организирани настани не треба да стагнира, туку да продолжат да се реализираат и да се прилагодуваат на околностите. Се додека сме совесни и се грижиме за себе и за другите ќе успееме и да придонесеме во околината и општеството.

Мерима Сарачевиќ

 

АЛЕКСАНДАР МИЛОШЕВИЌ: После една година, конечно слобода. Покрај целата пандемија и рестрикции успеавме да имаме продуктивен тренинг. Имавме успешни сесии и одлични изработки. Со маски на глава ја прошетавме Башчаршија и го видовме вечниот оган, доволно да го почуствуваме духот на Сараево. Се надевам дека сите млади ќе ја разберат вредноста на овие можности и ќе почнат да ги искористуваат како
што ние ја искористивме оваа.

АНДРЕЈ КОПЧАРОВСКИ: Патувањето и одржувањето на проекти во време на пандемија стана вистински предизвик со оглед на стравотните последици кои ги носи. Пред отпочнување на проектот бев скептичен бидејќи во игра стапи стравот за моето здравје како и здравјето на моите најмили но по недела помината тука знам дека ја донесов вистинската одлука. Целиот безбедносен протокол беше испочитуван, и безбедната комуникација како и конекција која ја направивиме како група беше токму тоа што ми требаше во овие тмурни денови. Се надевам дека повторно ќе ја имам шансата да присуствувам на ваков настан и да запознаам толку прекрасни луѓе, мотивирани да го направат првиот чекор за наша подобра иднина.

КРИСТИНА ЛЕЛОВА: Со оглед на ситуацијата со пандемијата ова беше одлично искуство за мене каде што запознав многу луѓе, сите различни и уникатни, се здруживме и соработувавме заедно, исто така, уживавме и во убавините на Сараево и создадовме многу спомени заедно. Ја вкусивме преубавата босанска храна и кафе.
Секојдневните активности поминаа во најдобар ред, беше многу забавно и времето го исполнивме со дружба и смеа, каде што ги почитувавме мерките за заштита. Кога би имала повторно шанса би ја искористила без размислување.

ЈОСИП ГЕГАЈ: После подолго време повторно на пат. Семинар во Сараево за време на пандемија за мене делуваше како невозможна мисија. Предизвик кој го прифатив и воопшто не зажалив за тоа. Одличната организација со запазување на сите мерки и препораки го направи престојот во Сараево успешен и многу убав. Работевме, се дружевме и видовме многу интересни места. Убаво искуство и се надевам дека
повторнои ќе се видиме на некој друг проект или во некоj друг град.

КРЕНАР ТАХИРИ: Учеството во проект на програмата „Еразмус +“ во време на светска пандемија, се чинеше малку застрашувачко на почетокот. Со оглед на инфо- пакетот, решив да одам и се изненадив на добар начин. Активностите беа одржани со почитување на сите ограничувања дадени за нераспространетост на вирусот. Ние постојано носевме маски и држевме социјална дистанца. Тоа ви дава надеж и докажува
дека светот продолжува и можеме да продолжиме да се ангажираме за подобра заедница, дури и во тешки времиња.