Волонтерски Центар Скопје бара 3 учесници (18+ години) од Македонија за учество на Семинарот “Sexual and Gender based violence among youth” во Босна и Херцеговина.
Место: Сарево, Босна и Херцеговина
Датум: 13.05–22.05.2022
За проектот:
Семинарот „Sexual and Gender based violence among youth“ во рамките на проектот Еразмус+ “It has to be love” има за цел да ги едуцира младите работници и младите во однос на родовото насилство.
За повеќе информации: ИНФО-ПАКЕТОТ
Партнер на проектот: NVO Prima
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 180 евра) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Испратете емаил на: vcs_contact@yahoo.com
- Наведете го името на проектот во предмет (на пр. Апликација за “Sexual and Gender based violence among youth“ во Сараево)
- Претставете се накратко и наведете за кој проект сте заинтересирани
- Закачете го вашето CV на англиски јазик
- Закачете го мотивационото писмо на англиски, со одговори барем на сл. прашања:
- Кој сте вие?
- На која возраст сте?
- Зошто сакате да учествувате?
- Како може да придонесете за проектот?
Краен рок за аплицирање: 27.04.2022
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.