Градење на хумани(тарци) луѓе

Градење на хумани(тарци) луѓе

Волонтерски Центар Скопје продолжува со активностите поврзани со проектот TEHV. Со стекнатите знаења од обуката на организаторите (ADRA SK, ADICE) пристапивме кон практична имплементација на методите и алатките потребни за подигнување на капацитетите на ВЦС и усогласување со европската регулатива и препораки. Активно работиме на усогласување на постоечките полиси според стандардите на програмата EU Aid Volunteers. Во овој процес имаме активна помош и менторство од ADRA SK, ADICE и соработуваме со неколку организации од различни земји со кои разменуваме искуства и знаења. Сертификацијата за EU Aid Volunteers ќе го подигне нивото на капацитетите на работа на ВЦС и ќе ја стави на мапата на организации кои се оспособени и спремни да бидат домаќини на EU Aid волонтери од цела Европа и да ги вклучат во практични проекти во земјата. Со овој проект ВЦС го продолжува своето активно учество во хуманитарни акции и проекти секаде каде што има потреба и преку практични делувања, но и преку обуки и тренинзи ја зголемува свеста за хуманизам на младите луѓе и на сите оние кои имаат желба за волонтирање и помагање.