You are currently viewing Запознајте го Жул од Франција!

Запознајте го Жул од Франција!

Да, знам, сигурно ќе речете: „Уште еден француски волонтер во ВЦС, до кога веќе?“. Претпоставувам, уште долго.

Здраво на сите, моето име е Жул, имам 22 години и ќе бидам тука во ВЦС во следните 3 месеци преку програмата „VET“. Моето поле на работа е снимање филмови, така што ќе снимам видеа за социјалните медиуми на организацијата. Исто така, ќе бидам практикант во националната ТВ „Алфа“ за да стекнам искуство.

Две години студирав видео монтажа што ми помогна да стекнам пракса и да го запознаам професионалниот свет.

Многу сум возбуден што ќе ја започнам мојата пракса овде во Скопје. Ова е одлична можност за мене, прво затоа што можам да патувам и да откријам нова земја, и второ затоа што сум волонтер, што е навистина интересно и уникатно искуство за мене.

Исто така, сакам да шетам и да фотографирам птици и пејзажи. Се чувствувам навистина опуштено кога сум во природа.

Генерално, воодушевен сум што го започнав патувањето во Македонија, откривајќи нова култура, јазик и луѓе. Живеј го животот како скопјанец и уживај во моментите што следуваат со колегите – волонтери.

Жул Жорже

Организација-испраќач: Cercle de Qualité