You are currently viewing Вулкан од енергија и позитива: Добредојде Кацпер од Полска

Вулкан од енергија и позитива: Добредојде Кацпер од Полска

Cześć!

Јас сум Кацпер, 22-годишно момче од Полска. Тука сум веќе шести дена, дојдов овде за 9-месечен проект „Annual Growth“ како дел од Европскиот корпус за солидарност. Среќен сум што сум тука, овде сите се пријатни и љубезни.

Пораснав во мал град во источниот дел на Полска, но живеам во Лублин. Завршив студии по новинарство и социјална комуникација на Универзитетот „Марија Кири-Склодовска“. Во моментов, студирам магистерски студии во две области на студии: Медиумска продукција и меѓународно и европско право. Уште како дете сонував да станам актер. Сепак, поради мојата љубопитност и поставување многу прашања, сфатив дека сакам да станам новинар. За време на студиите, започнав и со волонтирање во „Fundacja Semper a Frente“, и поради нив сум тука, на Балканот. Исто така започнав да бидам активен не само на универзитетот, туку и на социјално ниво. Верувам дека студиите не даваат само знаење, туку, пред сè, учат независност, ни даваат самодоверба и ги шират нашите умствени хоризонти благодарение на луѓето што ги среќаваме.

Речиси три години работев во уредништвото за вести на локалното, академско радио. Таму, заедно со еден пријател, создадовме програма за патување. Патувањето е моја страст. Мојот сон е да ги видам сите земји во светот. Сакам да запознавам нови култури, места, но најмногу од се – луѓе кои се толку единствени и разновидни. Дружејќи се со нив, учиме да прифаќаме и да бидеме толерантни. Верувам дека најнетолерантните се заклучени во зоната на комфорот и не патуваат. Сакам да се смеам многу, честопати и самиот на себе. Обожувам да одам во продавници од „втора рака“ и да купувам облека, особено шарени кошули. Се надевам дека времето поминато во Македонија ќе ми даде нови вештини, пријатели и незаборавни спомени.

Kacper Król