Во соработка со VCS и Златан Сремац, Антонија дојде да волонтира во рамките на програмата ESC Erasmus +.
„Ако сакате да летате-отфрлете сé што ви тежи“. Започнувам со оваа мисла бидејќи пред четири дена се најдов во сосема нова земја и започнувам ново поглавје овде.
Не ни сонував дека Јас, Антонија, на 19 години од Германија ќе го надминам мојот страв од качување во авион и ќе се преселам во земја за која многу малку знам. Но еве ме, тука сум и чувствувам дека го живеам еден од најсреќните периоди од мојот живот. По завршување на средното училиште не бев баш сигурна за идните планови и како поминуваа деновите сé повеќе се чувствував бескорисна и без идеја.
Но отсекогаш имав три основни принципи:
1. Сакам да направам промени
2. Сакам да помогнам каде е тоа потребно
3. Сакам луќето кога се среќни и го живеат најдоброто од животот.
Можеби тоа беше судбински но одеднаш налетав на проект во Македонија каде би можела да работам во основно училиште за деца со посебни потреби. И веднаш знаев дека бев предодредена да бидам таму. Веќе четири дена сум во Македонија и ја чувствувам како дома. На почеток ме обземаа различни емоции но сепак ова е прекрасна држава со срдечни луѓе. Едноставно е прекрасно да се живее во место каде луѓето сеуште посветуваат време еден за друг и ги ценат и најситните работи.
Новите предизвици го прават животот поинтересен и нивното надминување прави да растеш. Убедена сум дека ова ќе биде година што ќе ми го смени животот, со многу нови увиди, пријатели што стануваат семејство и работни задачи што се „извор на среќа“. Секој изгледа посебен овде, на свој начин. Оваа година ќе ги следам своите одредишта и ќе искусам сосема нов тип на задоволства.
Антонија Барт