Здраво уште еднаш,
Поздрав од Скопје! Во 2003 година, талентираниот композитор Метју Белами од Кембриџ напиша: „Нашето време истекува“. За ова октомвриско издание, ве покануваме да размислите со нас за времето во неговото широко значење, односно со нашето меѓународно друштво на пишувачи. Ангела брилијантно ја истакнува фасцинантната природа на сезоните: познати по нивните бесконечни обновувања од една страна, но, исто така, со уникатни карактеристики од година во година. Малите детали можат да бидат исклучително важни во обликувањето на вашите спомени, нели?
Ана-Марија најпрво ве води далеку низ едно длабоко патување во талентот на сликарство за да ги разниша обичностите и да донесе нови идеи во нашите општества. Потоа, прочитајте го нејзиниот текст за науката. И, се разбира, што би бил Воисес без поезијата на Дафина?
Есен е време од годината кога учениците треба да се вратат на училиште. Како светскиот предизвик „Ковид-19“ ги преобликува методите на настава? Исто така, нашиот Јосип со задоволство го споделува своето искуство во Волонтерски Центар Скопје. Дали ти ќе бидеш следниот?
Во меѓувреме, Догукан ја подигнува нашата свест за животната средина и за справувањето со регионални иницијативи, додека Кирси ја споделува нејзината приказна за карантинот во Финска.
Конечно, да не заборавиме на трнливата судбина што ја доживеаја морнарите ширум светот и седумте мориња. Се надеваме дека ќе си поминете убаво, читајќи го ова издание на Воисес, се гледаме!