You are currently viewing Во сабота го чистиме Козјак

Во сабота го чистиме Козјак

По ефективната акција за чистење на Водно, волонтерите од „За почиста Македонија“ предводени од нашиот Петар Стевановиќ продолжуваат со активностите за зачувување на природата и одржување на чиста околина. Во сабота (3 октомври) на дневен ред е Козјак, поточно преубавото место „Терасата на Козјак“ која е задушена во смет.

Овојпат ќе ги здружиме силите со ‘I love hiking – group Macedonia‘ со цел да со собереме што е можно повеќе и да му помогнеме на ова прекрасно излетничко место“, најавува Стевановиќ.

Собирното место е во 9 часот кај Железничката станица во Скопје од каде ќе тргне бесплатен автобуски превоз од ЈСП Скопје. Акцијата за чистење на Козјак започнува еден час подоцна. Враќањето е предвидено за 16 часот. Собраното ѓубре ќе биде подигнато од камиони на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.

Акцијата е поддржана од „Паблик рум“, „АлгаСан“, „Маја“, „Виталија“ и „Добра вода“, како и од јавните претпријатија на Град Скопје.

Активностите на неформалната група „За почиста Македонија“ се дел од проектот: European Youth at the frontlines of active citizenship: A Roadmap towards a collective South-North-East-West momentum, организиран од Волонтерски Центар Скопје, а поддржан од Европската комисија преку програмите „Ерасмус+“ и „Европските млади заедно“.