You are currently viewing Повик за волонтери во Португалија!

Повик за волонтери во Португалија!

Волонтерски центар Скопје бара еден учесник од Македонија за ЕСК-проектот „Волонтерска солидарност“ во Агеда, Португалија

Место: Агеда, Португалија
Датум:  Претпроектна посета: 16-19 септеври 2020 / Мобилност: 01.10.2020-31.07.2021

! Постои можност за промена на проектните датуми во зависност од ситуацијата со вирусот „Ковид-19“

Што добивате од „Псиентифика“:

-Зајакнување на вештините на волонтерот и учење врз основа на неформалното образование
-Подигнување на свеста за заедницата и локалните организации за потребата да го охрабрат претприемачкиот, креативниот и проактивен став на волонтерите
-Препознавање на потенцијалот на волонтерањето преку личен и социјален развој на учесниците
-Придонес за подобрување на проблемите на социјална ексклузија и дискриминација, како и ниско социјално учество

Задачи на волонтерите:

Период на обука: Задолжителна лингвистичка онлајн поддршка за учење португалски јазик, обука од португалската Национална агенција на почетокот и средината од престојот, пристигнување и среднорочно обезбедување од Португалската национална агенција + работилници промовирани од организацијата

– домаќин, засегнати страни и волонтери
– Развивање активности во општинската библиотека со различни возрасни групи\
– Активности во Центарот за уметност: Едукативен проект и јавно посредување
– Активности / работилници со деца
– Солидарност во заедницата со различни активности (работилници, бесплатни прегратки, активности и сл.)
– Работилници за разни теми релевантни за проектот

Волонтерите (возраст од 18 до 30 години) треба да имаат…

– Интерес за развој на социјални, културни и едукативни иницијативи и практики, промовирање на солидарност, интеркултурност и различност со локалните млади
– Интерес за развој на неформални активности и промовирање на европски вредности и можности – мотивација за работа со деца во училиштата (основни училишта и градинки)
– Мотивиран и отворен за воспоставување на интеркултурен дијалог во периферна и рурална средина
– Предвидено е да се развијат вештини за да се трансформираат идеите во активности и да се стимулираат социјални, културни и едукативни активности кај младите

Технички детали:

Проектот е финансиран од ЕРАСМУС +, така што сите патни трошоци (до 360 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАСМУС +. Храната, сместување и месечен џепарлук се обезбедени.

За повеќе информации: Infopack VOLUNTEER(S)olidarity

Апликација:

Аплицирај сега: Испрати мотивационо писмо одговарајќи на следниве прашања:
Кој си ти? Колку години имаш? Зошто сакаш да учествуваш? Како сакаш да придонесеш во проектот? … и испратете CV (на англиски јазик) на vcs_contact@yahoo.com

Рок на пријавување: 3.8.2020