Почитувани волонтери, колеги, пријатели и соработници, Имаме задоволство да Ве поканиме nа настанот “Енергијата на Шуто Оризари” кој ќе се одржи во петок на 1 Март, 2013, 17:00-19:00 во ГЕМ клубот (Менада, 1 кат). Овој настан е идеја од страна на волонтерите во Волонтерски Центар Скопје, кои се заинтересирани да и помогнат на Ромската заедница, особено најранливите – децата. Настанот е наменет со цел да се зголеми видливоста на ромската заедница на позитивен начин, и да се зголеми прифатеноста на оваа заедница меѓу популацијата. Втората цел на овој настан е да се прикаже важната улога на Дневниот центар за згрижување на деца од улица во Шуто Оризари и Центарот за социјални иницијативи НАДЕЖ во животот на децата и нивниот личен развој преку посетување на овие центри. Третата цел која сакаме да ја постигнеме преку овој настан е да се прикаже работата на ЕВС волонтерите со децата од Шуто Оризари во текот на последните 8 месеци, и нивното влијание. Програмата за овој настан е следна: 17:00 – Поздравен говор и презентација на проектот 17:15 – Проекција на документарниот филм “ЈАЗИКОТ НА ДЕТСТВОТО”, изработен од страна на Рафаел Боне и Сара Бастабл (ЕВС волонтери во Волонтерски Центар Скопје) 17:30 – Споделување искуства – презентација на активностите на Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари и Центарот за социјални иницијативи “Надеж”, говорници: волонтери кои работат со деца во овие центри и претставници на двата центри. 18:00 – Презентација на изложба на слики и уметнички ракотвроби направени од страна на децата за време на работилниците со Насера Дахес (ЕВС волонтер од Франција) 18:30 – Дискусија и освежување Се надеваме дека ќе имаме чест да ги споделиме овие моменти со вас.