You are currently viewing Обука за сексуално и репродуктивно здравје – Завршено

Обука за сексуално и репродуктивно здравје – Завршено

Во просториите на Волонтерски Центар Скопје како дел од меѓународниот проект „Knowledge beats taboos” се одржа обука за каде околу 20 млади земаа учество и добија повеќе знаење и информации за сексуалното и репродуктивно здравје.

Обуката е дел од проект кој има голем број на настани како тренинзи за младински работници, студиски посети, обуки за млади луѓе, врсничка едукација, округли маси итн. Ова е втората обука за млади луѓе кој се обиде да пренесе знаење и информации на темата за сексуално и репродуктивно здравје. Обуката содржеше информации за Еразмус + програмата, сексуално преносливи болести, репродукција и нејзино спречување и многу други поврзани теми. Беше создадена безбедна средина на работа каде сите учесници заедно со фасилитаторите беа во можност да го искажат своето мислење и да го споделат својот поглед на работите. Она што сега следи се работилници во неколку средни училишта во Скопје каде некои од учесниците заедно со фасилитаторите ќе го споделат она што го научиле со средношколците. На обуката имаше посета од КРИК, емисија за млади која ја прават млади луѓе за млади луѓе што сакаат работи за млади.

Како дел од целиот проект е изработена и брошура која е преведена на македонски и може да ја најдете на следниот линк:

https://issuu.com/076227/docs/broshura_mkd.docx

Волонтерски Центар Скопје се обидува да ги запознае луѓето за тоа што се случува со светот околу нив и да го видат светот од малку поразлична перспектива. Темата за сексуално и репродуктивно здравје е нешто за што со сигурност на младите им требаат повеќе информации. #Knowledgebeatstaboos