Hi – Здраво – Hallo, вчеравечер ненадејно се најдов во Македонија и се уште сум збунет за тоа што, како, каде, кој? И во врска со тоа, кој сум јас?
Моето име е Матис и доаѓам од малиот град Донауешинген во јужна Германија. Годинава дипломирав на меѓународните студии и бев фрлен во белиот свет не знаејќи што да правам со својот живот. Како и да е, од секогаш бев заинтересиран за пишување и дизајн на некој начин. Токму затоа се пријавив за мојот ЕВС во ВЦС и Воисес магазинот, да го истражам мојот интерес во новинарството, да ги подобрам моите вештини за пишување и дизајнирање и се надевам да допринесам нешто позитивно за ВЦС.
Во моето слободно време сакам да учам (за) јазици исто колку и што уживам да читам, да планинарам и да фотографирам. Љубопитен сум да ја истражам Македонија на сите овие начини, од учење македонски до читање на книги во сенката на некое дрво на планините околу Скопје до фотографирање на улиците и долините наоколу.
На крајот на ова кратко претставување се уште не сум сигурен за тоа што, како, каде, кој и кој сум јас. Но баш се радувам да ги истражам сите овие прашања во следните девет месеци.
Матис Гилсбах