Летај во ново искуство со нас.

Ги охрабруваме младите луѓе да бидат проактивни во своите општества, Различните програми што ги нуди нашата организација ги јакнат можностите и капацитетите на младите луѓе преку неформални едукативни методи и волонтерски активности. Прочитај повеќе за програмите што ги работиме.

Европски Солидарен Корпус (ЕСК)

Дали сакаш да волонтираш во странство и да откриеш нови култури? Да живееш во интеркултурна средина и да си ги унапредиш вештините? Тогаш, ESC е проект за тебе! Само спакувај ги куферите и уживај во различните можности, 100% покриено од Европската Комисија. Проектите траат од 2 седмици до 12 месеци, и се достапни за луѓе на возраст од 18 до 30 години.

Еразмус+

Европската програма за поддршка на образование, тренинзи, младински активизам и спорт има многу можности за тебе! Преку културни размени, „Еразмус+“ им дава на младите во Европа можности за учење, младински размени, тренинзи и семинари. „Еразмус+“ можностите се финансирани од Европска Унија и се достапни за луѓе над 14 годишна возраст.

Звучи прекрасно, но како да аплицирам?

Пронајди го својот проект

Сакаш да бидеш дел од тренинг-курс или младинска размена? Проекти на различни теми што користат неформални образовни методи.

Или подолги проекти, како волонтирање во странство? ЕСК може да биде тоа што го бараш!

Провери ги отворените повици тука

Аплицирај

1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик.
2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.

Процес на селекција

Ќе ве контактираме по последниот рок за аплицирање

  • Учесниците на обуките и на младинските размени ќе бидат селектирани врз основа на апликациите 
  • Апликантите за подолги волонтерски проекти ќе бидат повикани на онлајн интервју
Селектиран си

Ќе бидеш информирана набргу откако процесот на селекција ќе биде завршен. Дотогаш, ти држиме среќа!

Подготви ги документите и пакувај ги торбите

Накратко:

  • Побарајте билети во рамките на патниот буџет и известете нѐ пред да ги купите. Средствата ќе ви бидат вратени подоцна.
  • Проверете за патничко осигурување за земјата-дестинација (во ЕСК проектите осигурувањето е опфатено)
  • За подолгите проекти ќе ви организираме средба пред заминување за да се завршат сите работи и да ви помогнеме со сите документи (Виза)

Пакувај се и донеси добра енергија! СЕКОГАШ чувај ги оригиналните билети за патување и другите потребни документи за да може да ти бидат вратени парите

Остануваме во контакт

Ќе комуницираме постојано и ќе следиме како се одвива проектот.

Напиши ни краток текст за проектот. Направи убави фотографии за дисеминација и уживај!

Сподели го твоето искуство откако ќе се вратиш

Дефинитивно сакаме да слушнеме како си помина! Дали научи нешто ново, дали се беше добро организирано?

Раскажи ни за проектот. Можеш да напишеш текст за списание ВОИСЕС и да инспираш други да одат на проект.

Отворени повици за проекти

Европски Солидарен Корпус

ЕСК е програма која дава можност на млади луѓе да волонтираат или да работат на проекти во странство кои ќе допридонесат на заедниците и луѓето во Европа.

Проектите можат да траат од 2 недели до 12 месеци. Најчесто се организирани во склоп на земјите-членки на ЕУ и земјите кои соработуваат, а самите проекти варираат со многу различни теми. ВЦС е локалната партнерска организација, што значи дека ние можеме да пратиме млади за ЕСК-волонтирање во странство или, пак, да бидеме домаќини (да хостираме) на волонтери во Македонија. Европскиот Солидарен Корпус е управуван од страна на Европската Комисија.

Секој на возраст помеѓу 18-30 години и е од земјите кои што се дел од оваа програма! Не се потребни никакви вештини или искуства во полето кон кое ќе биде насочен проектот.

Можете да се регистрирате за Европскиот Солидарен Корпус на возраст од 17 години, но не можете да започнете со некој проект се додека не наполните 18 години. Проектите на Европскиот Солидарен Корпус се достапни за сите до 30 годишна возраст.

Земји во ЕУ
Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешка Република, Данска, Германија, Естонија, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург,Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска.

Земји надвор од ЕУ
Исланд, Македонија, Турција, Лихтенштајн, Норвешка.

Земји партнери (во соседство на ЕУ)
Албанија, Алжир, Ерменија, Азербеџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Египет, Грузија, Израел, Јордан, Косовo, Либан, Либија, Молдавија, Црна Гора, Мароко, Палестина, Русија, Србија, Сирија, Тунис, Украина.

Постојат две можности со ЕСК програмата:
Краткорочни ЕСК проекти со времетраење од 2 седмици до 2 месеци. По учеството во краткорочен проект, можете да се пријавите за долгорочен кој најчесто трае од 8-12 месеци. Различни проекти имаат различно времетраење. Доколку прво се пријавите за дологорочен ЕСК-проект, потоа нема да можете да се пријавите за краткорочен.

 

Има разновидни платформи на кои може да најдете проект. Првото нешто што треба да го направите е да се зачлените на порталот на Европскиот Солидарен Корпус на линкот. Платформата содржи различни проекти на кои што можете да аплицирате и вашиот профил ќе биде достапен на организациите кои што се во потрага по волонтери. Зачленувањето е бесплатно и ќе ви помогне да најдете различни проекти во Европа.

Голем број на организации објавуваат отворени повици за ЕСК-проекти на нивните платформи на социјалните медиуми и нивните веб-страници. Постојат и голем број на Фејсбук групи во кои што можете да се зачлените и бидете известени кога некоја од овие можности ќе се објават.

Неколку примери:
ESC – European Solidarity Corps – EVS – European Voluntary Service 
EVS (European Voluntary Service) and ESC (European Solidarity Corps)
EVS & ESC vacancies 

Исто така, можете да ги контактирате организациите директно. Можете да истражите на интернет за организации во вашата земја и тие ќе ви помогнат да започнете и да пронајдете проект. Ако најдете некоја организација во странство која ќе ве заинтересира и би сакале таму да аплицирате за ЕСК проект, не двоумете се и исконтактирајте ги за да започнете!

ЕСК-проектите варираат со широк спектар на области – младинска работа, едукација, тренинг, државјанство и демокатско учество, заштита на средината и природата, миграција, култура, теми поврзани со медиумите и уметноста… и многу други. Со фактот дека има разновидни организации ширум Европа кои што организираат ЕСК-проекти, сигурно ќе најдете нешто што ќе ви одговара вас, ќе ве заинтересира и ќе ги зајакне вашите капацитети.

Европскиот Солидарен Корпус е финансиран од Еразмус+ програмата која што за секој учесник ги финансира:

– Патните трошоци
– Храна и џепарлак
– Осигурување во избраната земја
– Сместување
– Неопходните документи (пр. Виза за некои земји)

Износот на финансирање на патните трошоци, храната и џепарлакот секако ќе зависат од избраната земја.

Можете да проверите на ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ, и да аплицирате на проект праќајќи CV и мотивационо писмо на англиски на vcs_contact@yahoo.com

Ако веќе имаш проект и ти треба организација – испраќач, можеш да не контактираш на vcs_contact@yahoo.com

Водич за аплицирање.

Sources

„Волонтирањето во Македонија ми донесе уште поголема забава во животот, но исто така, ми овозможи да ги развијам моите интереси“

– Ања од Полска, 9 месеци ЕСК-волонтер во Македонија

„Преминете ги границите не само на другите земји, туку и личните. Верувам дека најнетолерантните и најзатворените умови се затворени во својата комфорна зона и не патуваат“

– Кацпер од Полска, 9 месеци ЕСК-волонтер во Македонија

„ВЦС ми го отвори прекрасниот свет на меѓународни пријатели и важноста на волонтирањето“

– Клариса од Германија, 12 месеци ЕСК-волонтер во Македонија

Еразмус+

Еразмус+ е програма на Европската Унија за поддршка на едукација, тренинг, младите и спортот во Европа.

Овозможува можности за над 4 милиони Европјани да студираат, тренираат и да стекнат искуство во странство. Еразмус+ нуди можности за луѓе на сите возрасти, овозможувајќи им да стекнат и да споделат знаење и искуство во институции и организации во различни земји.

Еразмус+ е достапна на голем број поединци и организации, иако подобноста варира во различни земји. Поединци можат да учествуваат во многу од можностите финансирани од Еразмус+, иако во повеќето случаеви ќе треба да аплицираат преку соодветна организација. Подобноста на поединците и на организациите зависи и од земјата во која што се наоѓаат.

Земјите во кои е достапна програмата се ЕУ-членки + Македонија, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка, Србија и Турција.

Прочитајте повеќе тука. 

Курсеви за обука и семинари

Постои можност за вклучување во проекти од страна на млади луѓе, без разлика дали во нивната матична земја или во странство, кои обично траат од 6 до 10 дена. Курсеви за обука и семинарите опфаќаат различни теми преку методи на неформално образование, обезбедуваат ново знаење за учесниците и им овозможуваат да запознаат луѓе од различни земји и да учат за нови култури.

Општо земено, Еразмус+ се фокусира на обезбедување можности за младите луѓе од  Европа и земјите-партнери. Во повеќето проекти, не постои одредена позадина или вештини што се бараат од учесниците кои аплицираат за проектот.

Секој проект има одредена старосна граница и партнери од различни земји. Проверете од која земја се бараат учесници  и која е старосната граница за проектот пред да аплицирате.

Старосните граници се разликуваат поединечно по проект, но генерално, проектите се за лица над 18 години. Проверете ја старосната граница за секој поединечен проект пред да аплицирате.

Постојат различни организации низ Европа и во соседните земји кои реализираат  проекти со различни теми. Можете да контактирате со организации, like us, во вашата земја и да ги проверите нивните т.е отворени повици.

Исто така, постојат многу групи на Фејсбук каде што организациите најавуваат проект ,еве  неколку примери:

Erasmus+ Macedonia
Erasmus+ Projects & Partner Search 
Erasmus Plus Projects 
Erasmus Plus Projects 
Erasmus+ projects 

Можете да проверите на ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ, и да аплицирате на проект праќајќи CV и мотивационо писмо на англиски на vcs_contact@yahoo.com

Ако веќе имаш проект и ти треба организација – испраќач, можеш да не контактираш на vcs_contact@yahoo.com

Водич за аплицирање.

Програмите се финансирани од Еразмус+ и на учесникот му се обезбедени:
– Пари за патување
– Сместување и храна

Износот на финансирање за патување зависи од земја во која патува.

Понекогаш има и надомест за учество во индивидуален проект.

Sources

Младински размени

Проекти во кои млади луѓе од различни земји се среќаваат и живеат заедно од 5 до 21 ден. Размените се случуваат во вашата матична земја или друга земја во Европа. Ќе учествувате во активности како што се работилници, вежби, дебати, претстави, активности на отворено, итн. Тие се интересен начин за учење на различни теми, за запознавање нови луѓе и истражување на други култури.

Општо земено, Еразмус+ се фокусира на обезбедување можности за младите луѓе во Европа и во земјите партнери, Во повеќето проекти, не постои одредена позадина или вештини што се бараат од учесниците кои аплицираат за проектот.

Секој проект има одредена старосна граница и партнери од различни земји. Проверете ја старосната граница и дали се бараат учесници од вашате земја пред да аплицирате.

Младинските размени се за луѓе на возраст меѓу 13 и 30 години. За да бидете лидер на група во младинска размена, мора да имате најмалку 18 години.

Постојат различни организации низ Европа и во соседните земји кои имаат за цел реализирање проекти со различни теми. Можете да контактирате со организации во вашата земја и да ги проверете нивните т.е  отворени повици.

Исто така, постојат многу групи на Фејсбук каде што организациите најавуваат проект, неколку примери:

Erasmus+ Macedonia
Erasmus+ Projects & Partner Search 
Erasmus Plus Projects 
Erasmus Plus Projects 
Erasmus+ projects

Можете да проверите на ОТВОРЕНИ ПОВИЦИ, и да аплицирате на проект праќајќи CV и мотивационо писмо на англиски на vcs_contact@yahoo.com

Ако веќе имаш проект и ти треба организација – испраќач, можеш да не контактираш на vcs_contact@yahoo.com

Водич за аплицирање.

Програмите се финансирани од Еразмус+ и на учесникот му се обезбедени:
– Пари за патување
– Сместување и храна

Износот на финансирање за патување зависи од земја во која патува.

Понекогаш има и надомест за учество во индивидуален проект.

Sources

Звучи интересно?

Прочитајте ги приказните од различни проекти...

„Ministry for the future“

„Ministry for the future“ – многу моќен назив на обуката на која неодамна присуствував, а се одржа во Сарата Монтеору...

Read More

...и истражете повеќе по видеата

VET

Мобилност за стручно образование и обука

МСОО е дел од Еразмус+ кој обезбедува мобилност и практична настава за младите студенти во странски компании поврзани со нивната професија. Со можност за работа во меѓународна и мултикултурна средина, за споредба и размена на најдобрите практики, програмата за стручно образование и обука има за цел зајакнување на практичните знаења и вештини на учениците преку изведување активности во компании, институции или приватни бизниси кои се заинтересирани за развој на идната кариера на младите луѓе.

Уште од 2018 година Волонтерски Центар Скопје активно работи со студенти од стручно образование и им овозможува одлични можности. Го имавме задоволството да бидеме домаќини на студенти од Шпанија, Португалија и Италија, со можност да се здобијат со практично искуство во различни македонски индустрии како администрација, ИТ компании, автомобилска индустрија, грижа за стари лица во домови, обновливи извори на енергија, туризам, професионална козметика и салони за убавина и друго, со обезбедена логистичка поддршка за време на нивната пракса.