Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК проект под наслов “Volunteer in Arad!” во Романија.
Место: Арад, Романија
Датум: јануари 2027 – декември 2027 (6 или 12 месеци)
За проектот:
Волонтерот ќе биде вклучен во активности на различни локации, вклучувајќи ги центарот „Curcubeu“, центарот „Vladimirescu“ и локалните училишта. Неговите задачи ќе опфаќаат водење и олеснување на неформални образовни активности, како што се едукативни игри, игри на отворено, интерактивни работилници и други активности за учење наменети за деца и млади.
Повеќе информации: INFOPACK
Партнер на проектот: Ofensiva Tinerilor
Технички детали:
Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС +, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.
Како да се пријавите?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 06.12.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
