You are currently viewing Повик за волонтери во Унгарија!

Повик за волонтери во Унгарија!

  • Post published:

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на тимски волонтерски проект „ESC Advent“ во Унгарија.

Место: Нагиважони, Унгарија
Датум: 24.11.2026 – 17.12.2026 (3 недели)

За проектот:

За време на вашиот тимски волонтерски проект, ќе учествувате во спој од практични и креативни активности, како и активности во заедницата. Ќе се грижите за средновековни урнатини, ќе се занимавате со обработка на дрво, готвење, ќе се вклучите во училишните прослави, ќе работите во младински центар и ќе го организирате Денот на волонтерите.

За повеќе информации: ТУКА
Партнер на проектот: Fekete Sereg Nagyvázsony

Технички детали: Проектот е финансиран од ЕРАЗМУС+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на ЕРАЗМУС +. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да се пријавите?

  1. Пополнете го формуларот за апликацијана англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 11.11.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.