Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „BrightLands“ во Бугарија.
Место: Мраченик, Бугарија
Почеток: од ноември 2026 година или подоцна (12 месеци)
За проектот:
Проектот е фокусиран на работа во рурална средина, која вклучува физички и практични активности, рачно уредување на просторот и помагање во локалната заедница. Другите активности во рамките на проектот вклучуваат работа на лаптоп, како што се управување со социјални мрежи, креирање содржини или промовирање на ЕСК и на „Еразмус+“. Волонтерот, исто така, ќе учествува и ќе помага во летните активности организирани од организацијата-домаќин.
Повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Проектен партнер: Smokinya Foundation
Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 28.10.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
