Волонтерски Центар Скопје ги објавува конечните резултати од повикот за доделување подгрантови, спроведен во рамките на проектот „AGREE! – Акција за правата на девојките за еднаквост и зајакнување“.
По завршувањето на административната евалуација, евалуацијата на подобноста и квалитетот, постапката за поднесување приговори, како и процесот на консултации и верификација со кандидатите од потесниот избор, финализиран е изборот на проекти за финансиска поддршка.
За финансирање се избрани следниве организации и проекти:
Листа на селектирани проекти
| Број | Име на организација | Име на проектот | Сума |
| 1. | ОРО Скопје | „Гласот на жената низ времето: Култура, дијалог и акција за родова еднаквост“ | 492.640 денари |
| 2. | Асоцијација за потикнување на млади | Зајакнување и поддршка на маргинализираните млади Ромки | 369.480 денари |
| 3. | Во мојот свет | RISE EQUAL: My voice. My choice. | 461.850 денари |
| 4. | Еко Логик Скопје | „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите | 431.060 денари |
| 5. | ЦМА Крик | ГЛАСНИ И ЕДНАКВИ: Девојките креираат локални промени | 523.430 денари |
| 6. | Креатива Исток | Еднакви, силни – девојки без бариери | 431.060 денари |
| 7. | Гоу Грин | Leaders of green change | 311.594 денари |
Селектирани проекти – еднократни активности или настани
| Број | Име на организација | Наслов на проектот | Сума |
| 1. | ГосКМП | Младински форум: „Гласно за девојките – кршење на стереотипите“ | 246.320 денари |
Резервна листа
Следниве апликанти се вклучени во резервната листа. Овие проекти успешно го поминаа процесот на евалуација, но не беа избрани за финансирање во рамките на тековно достапниот буџет поради недостиг на средства.
| Број | Име на организација | Наслов на проектот | Сума |
| 1. | Нови зраци | HerSpace: Паркот е нивен – права и претприемништво за
девојките |
Следни чекори
Избраните апликанти ќе бидат директно контактирани од Волонтерски центар Скопје во врска со следните чекори, вклучително и финализирањето на потребната документација и потпишувањето на договорите за под-грант, најдоцна до 19 октомври 2026 година.
Сите апликанти ќе бидат писмено известени за конечниот исход од нивните апликации.
Волонтерски центар Скопје сака да им се заблагодари на сите организации што поднесоа апликации за нивниот интерес, вложениот труд и учеството во повикот за подгрантови.
Овој повик за предлог-проекти е изготвен со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржината е исклучителна одговорност на организацијата „Pomoć deci“ и не мора нужно да ги одразува ставовите на Европската Унија.
Референтен број: EuropeAid/179703/DH/ACT/Multi
Буџетска линија: 6.4.1.
