Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (16-25 години) и 1 лидер (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „The Garden of Wonders“ во Хрватска.
Место: Новаки, Хрватска
Датум: 14.09 – 21.09.2026
За проектот:
Оваа младинска размена ќе биде практично искуство за учење за ангажман и развој на заедницата, како и на помагање на групи во нужда. Ќе научиме како да жонглираме и да играме други циркуски елементи и ќе подготвиме претстава за децата во локалната градинка. Преку практични активности како што се градинарство, групни предизвици и симулации и ситуации од реалниот живот, учесниците ќе учат преку работа и ќе ја развијат самодовербата и вештините потребни за секојдневниот живот и идната независност.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Ocean Znanja
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци (до 309 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 23.08.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
