Волонтерски Центар Скопје бара 10 учесници (15-21 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Young Civil Society“ во Македонија.
Место: Струга, Македонија
Датум: 22.08 – 29.08.2026
За проектот:
Оваа активност е билатерална младинска размена помеѓу Македонија и Полска. Темата е учество на младите и граѓански активизам. Целта на размената е да се воспостави трајна соработка помеѓу нашите две европски територии со различни општествени реалности, но со заеднички вредности.
За повеќе информации: ИНФОПАКОТ
Партнер на проектот: Europa Iuvenis
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 10.08.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
