You are currently viewing Повик за волонтери во Словачка!

Повик за волонтери во Словачка!

Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18-30 години) од Македонија за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов: “Open Horizons – Encouraging youth to explore the world through language and cultural experiences” во Словачка.

Место: Чадца, Словачка
Датум: септември 2026 – август 2027 (12 месеци)

Повеќе за проектот:
Како волонтер, ќе поддржувате образовни и општествени активности преку учење англиски јазик на деца и одржување работилници на вашиот мајчин јазик за тинејџери и возрасни. Ќе соработувате со локалните училишта, ќе помагате во административните задачи и ќе учествувате на редовни тимски и менторски состаноци. Вашата улога ќе вклучува и планирање и водење на неформални образовни активности како што се работилници, спорт, креативни сесии и летни кампови.

За повеќе информации: ИНФОПАКОТ 

Организација-домаќин: KERIC

Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Сместување, осигурување, месечен џепарлак и храната се обезбедени.

Како да аплицирате?

  1. Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
  2. Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
  3. Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com

Краен рок за аплицирање: 30.06.2026

Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.