Волонтерски Центар Скопје бара волонтери (18–30 години) од Македонија за учество на краткорочен ЕСК-проект под наслов „Kids in Action 13 – United in Solidarity“ во Словенија.
Место: Шкофја Лока, Словенија
Период: септември 2026 – август 2027 (12 месеци)
За проектот:
Главната цел на проектот е да се продолжи традицијата на поврзување на локалните организации кои спроведуваат образовни, социјални и превентивни програми за деца, млади и други ранливи социјални групи.
Повеќе информации: инфопакот
Проектен партнер: Familija – mednarodna pisarna
Технички детали::
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето и храната, како и часовите по јазик се обезбедени.
How to apply?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 5.07.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
