Волонтерски Центар Скопје бара 5 учесници (18-25 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „YOU(th) in Media Literacy“ во Латвија.
Место: Јелгава и Рига, Латвија
Датум: 6.07 – 14.07.2026
За проектот:
Главната цел на проектот е да се подобри медиумската писменост кај младите луѓе преку зајакнување со знаење, вештини и алатки потребни за критичко оценување на медиумската содржина, препознавање на пристрасности и разликување помеѓу вистинити и лажни информации.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнер на проектот: Baltic Regional fund
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите патни трошоци до 309 евра ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени
Како да аплицирате?
- Пополнете го формуларот за апликација на англиски јазик —> Формулар за апликација
- Закачете го вашето CV на англиски јазик во формуларот за апликацијата.
- Доколку наидете на какви било тешкотии при пополнувањето на формуларот, ве молиме контактирајте нè на: vcs_contact@yahoo.com
Краен рок за аплицирање: 25.05.2026
Пријавените кандидати ќе бидат известени по истекот на крајниот рок кога ќе биде направен конечниот избор.
